Денеска 37 нови случаи на ковид-19 и 23 оздравени пациенти

Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

Во изминатово деноноќие не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543, бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 627.