Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од случаите се од Скопје – 135, по што следуваат Битола – 35 и Велес – 17.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се и 348 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037. Најголем дел од заболените лица од ковид-19 во моментов се од Скопје – 3.826 случаи.