Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 151, Тетово – 27,  Кавадарци – 17,  Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11,  Битола – 9, Струга – 9, Гевгелија – 8, Гостивар – 6, Демир Капија – 6, Штип – 5, Радовиш – 4, Берово – 4, Прилеп – 3, Струмица – 3, Кичево – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Кратово – 2, Крушево – 2, Македонски Брод – 2, Кочани – 1, Свети Николе – 1 , Крива Паланка – 1 и Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од: Скопје – 358, Охрид – 46, Струга – 13, Струмица – 11, Прилеп – 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево – 2, Ресен – 2, Радовиш – 2, Пробиштип – 2, Крушево – 2, Штип – 1,  Дебар – 1, Демир Капија – 1 и Неготино – 1.

Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 8.354, од кои 4.449 се регистрирани во Скопје.