Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11, Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5, Виница – 4 , Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Охрид – 43, Куманово – 24, Струмица – 20, Струга – 14, Прилеп – 13, Битола – 12, Велес – 10, Тетово ,Кочани и Кичево – по 7, Кавадарци и Штип – по 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Гостивар , Виница, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48г, 62г, 69г, 75г, 78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.