fbpx

Денеска 125 новозаболени од Ковид-19, бројот на активни случаи се искачи на 1.124

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје (46), Kуманово (19), Штип (17), Тетово (16), Струга (7), Гостивар (6), Охрид (5), Велес (3), Неготино (2), и во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево по 1 новорегистриран заболен од корона вирус.

Во изминатото деноноќие починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и 67-годишна пациентка од Струмица, хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, а на починати е 151. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124, од кои најголемиот број, или вкупно 595 на број, се регистрирани во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...