fbpx

Денеска 112 нови случаи на ковид-19, пријавени се 13 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатово деноноќие починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од  Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години.

Од Министерството за здравство велат дека има и 419 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999, бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 12.017.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...