Денеска 107 нови случаи и 19 починати пациенти од ковид-19

Фото: Мета.мк

Нови 107 лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2 (односно, ковид-19) се регистрирани денеска, со што вкупната бројка на новодијагностицирани лица изнесува 197.197, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Според најновите статистики за изминативе 24 часа, оздравени се 247 пациенти, а во истиот временски период се пријавени 19 починати лица. Од нив, 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.344.538 тестирањана ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани изнесува 197.197, бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.