Денеска во 12 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе почне лидерската средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои ќе разговараат за одложување на изборите.

На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши,  претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски вчера побараа одложување на изборите поради состојбата со корона вирусот.