„Ден на ослободувањето“: Доналд Трамп им воведе на Македонија и Србија највисоки царини во регионот

Србија (37 отсто), Босна и Херцеговина (35 отсто) и Македонија (33 отсто) се меѓу земјите од регионот кои добија највисока царинска стапка за увоз на производи во САД. За разлика од нив, Албанија, Косово и Црна Гора ќе се соочат со царини од 10 отсто

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера објави зголемени царини за некои од најголемите американски трговски партнери, прекинувајќи ја децениската трговска политика на САД.

На она што го нарече „Ден на ослободувањето“ (Liberation Day), Трамп изјави дека ќе воведе универзална тарифа од 10 отсто за сите увезени странски стоки, покрај „реципрочните тарифи“ за десетици земји, наплаќајќи им дополнителни давачки на земјите за кои Трамп тврди дека ја „измамиле“ Америка.

Универзалната тарфиа од 10 отсто ќе стапи на сила утре, на 5 април, додека реципрочните тарифи ќе започнат на 9 април.

„Ова е еден од најважните денови, според мене, во американската историја“, изјави Трамп по долгиот говор на тревникот во Белата Куќа.

„Со децении Америка беше ограбувана и силувана од своите трговски партнери. Во многу случаи, пријателот е полош од непријателот“, додаде американскиот претседател.

Некаде во средината на својот едночасовен говор, Трамп покажа табела на која се прикажани „нефер“ таксите што земјите им ги ставале на САД, заедно со новите „намалени реципрочни тарифи на САД“.

Кина им наплати на САД 67 отсто за „нефер“ такси, кажа Трамп, додавајќи дека САД сега ќе наплатат такса од 34 проценти за Кина.

ЕУ наплаќа 39 отсто за увоз, според Белата куќа, и сега ќе се плаќа со 20 проценти кон САД. Трамп рече дека на Обединетото Кралство ќе му се наплаќа 10 проценти – основната тарифа – еднаква на пресметките на администрацијата на Трамп за таксите на Велика Британија за американскиот увоз.

Каде се Македонија и земјите од регионот?

Според најновите податоци од табелите за „реципрочни тарифи“ презентирани од американскиот претседател Доналд Трамп, Македонија ќе се соочи со нови царини од 33 проценти при извоз во САД. Оваа бројка претставува половина од постојната стапка од 65 отсто што, според американската администрација, Македонија ја применува при увоз на американски производи. Со ова, Македонија се вбројува меѓу земјите од регионот со највисоки тарифи кон САД.

Инаку, вкупната трговска размена на земјава со САД во 2024 година, според податоците на Државниот завод за статистика, изнесува 290 милиони евра. Од нив извозот изнесува стоки и услуги во вредност од 109 милиони евра, додека увозот е околу 181 милион евра. Трговскиот дефицит на Македонија во размената со САД е околу 71 милион евра.

Во поширокиот регион на Западен Балкан, тарифите варираат. Србија се наоѓа меѓу земјите со највисоки реципрочни царини — 37 отсто, додека Босна и Херцеговина е веднаш зад неа со 35 отсто. Од друга страна, Албанија, Црна Гора и Косово се во групата со најниски тарифи, поставени на 10 проценти, додека за земјите-членки на Европската Унија се воведени тарифи од 20 отсто.

„Реципрочно: тоа значи дека тие ни го прават тоа нам, а ние ним. Многу едноставно, не може да биде поедноставно од ова“, рече Трамп, додавајќи дека „ова навистина ќе биде златното доба на Америка“.

Новите царини доаѓаат на врвот на низата давачки што Трамп веќе ги примени: дополнителни 20 отсто царини за целиот кинески увоз и царина од 25 проценти за целиот увоз на челик и алуминиум. Исто така, воведена е царина од 10 отсто за увоз на енергија од Канада.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...