Ден на младите – британскиот амбасадор се сретна со младински организации и активисти

фото: Британска амбасада - Скопје

Денешниот ден, 12 август, во светот се одбележува како Меѓународен ден на младите. По тој повод, британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, се сретна со претставници на младински организации, проектни имплементатори и активисти.

Како што соопштија од Британската амбасада во Скопје, на средбата се разговарало за младинскиот ангажман, активизмот, дезинформациите, животната средина и одливот на мозоци.

Дел од средбата беа и претставници на Фондацијата Метаморфозис, Новинската агенција Мета.мк и Порталб.мк.