Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички возила. Забраната за движење на товарни возила останува на сила.
Денеска во текот на денот сообраќајот кон граничниот премин кон Косово, како и самиот граничен премин беа затворени поради тоа што пожарот што деновиве гори во близина повторно се разгоре. Поради пожар, пак, на дива депонија во близина на Визбегово, попладнево неколку часа беше прекинат сообраќајот на скопската обиколница.
