fbpx

„Делфина турс“ во Охрид ќе гради модерна автобуска станица

-

Општина Охрид и транспортната компанија „Делфина турс“ од Скопје денеска го потпишаа договорот за изградба на современа автобуска станица во Охрид.

– Инвеститорот досега ги испочитува сите предвидени временски рамки и законски обврски во согласност со огласот. Очекуваме во законски предвидените рокови кои ќе следат од постапката, да ги реализира своите ветувања. Во минатиот период, за жал, имавме една импровизирана автобуска станица, која не беше угледно место за гостите што тука го остваруваат својот прв контакт со градот. Со изградбата, овој дел од градот ќе биде втор центар, каде во иднина ќе се изградат и други објекти, што ќе значи заживување на овој дел – изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Сопственикот на „Делфина турс“, Аднан Исмаил, соопшти дека новата автобуска станица што ќе се гради во Охрид ќе биде најмодерна, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

– Моментално работиме на потребната проектна документација и добивање дозволи за почеток на градба, со надеж дека тоа ќе го реализираме во најкус можен рок за да почнеме со самата градба. Иако проектот е во изработка, можам да ветам дека охриѓани ќе имаат најубава автобуска станица во Македонија, но и пошироко во регионот – изјави Исмаил.

По неодамна завршената јавна лицитација за продажба на градежно земјиште, реномираната транспортна компанија и туристичка агенција „Делфина турс“ од Скопје стана сопственик на градежната парцела со вкупна површина од околу 12.000 квадратни метри, каде ќе се гради новата современа автобуска станица.

Почетната цена изнесуваше 3.170 денари, а на јавната аукција беше достигната цена од 3.487 денари, односно вкупно 41.833.540 денари, од кои 80 проценти одат на сметка на Општината, а 20 отсто на сметка на Министерството за транспорт и врски, односно Владата на Република Македонија.

Според огласот, инвеститорот има обврска да обезбеди одобрение за градба во рок што нема да биде подолг од една година, а во период од две до четири години ќе треба комплетно да го реализира проектот, односно да ја изгради автробуската станица и да ја стави во функција. Објектот е предвидено да има приземје, четири ката и потпокрив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...