Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Не можеме да коментираме за тековни истраги, но потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство“, велат за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ во Скопје, на прашањето како ги коментираат последните настани поврзани со опструкцијата на работата на СЈО која ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и дополнитениот заменик-министер Оливер Андонов.

Специјалното јавно обвинителство вчера влезе во УБК со два судски налози со кои се бара увид во документацијата и во податоците од системите за следење на комуникации.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека соработката со раководството на УБК оди „многу тешко“.

Тимот обвинители и истражители сè уште се во Управата за безбедност и контраразузнавање.