fbpx

Дел од тетовските населби втор ден немаат вода за пиење

-

Поради дефект во водоснабдителниот систем, дел од населбите во Тетово веќе втор ден немаат вода. Како што информираат од Јавното комунално претпријатие Тетово, дефектот настанал при изградба на атмосферска канализација. Оттаму посочуваат дека прекините во водоснабдувањето ќе траат уште четири дена.

– Се работи за поголем дефект и додека се острани, апелираме граѓаните кои се соочуваат со недостиг од вода, да обезбедат резерви вода, доволно за наредните четири дена. Поради специфичноста на дефектот, не можам да предвидам во наредните четири дена каде точно и колку време ќе има прекини во водоснабдувањете – изјави раководителот на единицата за водовод и канализација при ЈКП Тетово, Самедин Абедини.

Од Водовод и канализација велат дека моменталната издашност на изворите со кои Тетово се снабдува со вода за пиење изнесуваат 500 литри вода во секунда, доволно да ги задоволи потребите од вода за пиење на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...