Вработени во најмалку четири министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив денес протестираат бидејќи се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.
Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) се на став дека вработените во министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои добија 30 отсто.
Од минатата недела и вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – колективен договор и 30 отсто додаток на плата. Раководството на УПОЗ имало неколку контакти со државниот правобранител, но засега нема решение.