fbpx

Дејвид Камерон можен кандидат за генерален секретар на НАТО

-

Британски министри и еден странски државник го охрабруваат поранешниот премиер на Британија, Дејвид Камерон, да се кандидира на функцијата нов генерален секретар на НАТО, објавуваат британските медиуми.

Речиси половина година откако отстапи од позицијата премиер, Камерон, како што се наведува, имал разговори за водечката положба во НАТО.

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за одбрана Мајл Фолон сакаат Камерон да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО која моментално ја извршува Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Столтенберг стана генерален секретар на НАТО во 2014 година, а според наводите на висок функционер во НАТО, тој на таа позиција би можел да остане пет наместо првобитните четири планирани години, односно до април 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сајберпанк играта „Ghostrunner“ до утре е бесплатна на „Epic Games“

Играта „Ghostrunner“ со сајберпанк тематика, паркур скокање и прекачување каде играте „уличен самурај” што користи надградена катана и кибернетски импланти, е достапна за бесплатно преземање од „Epic Games“ до...