Светски познатиот Диџеј од Франција, Дејвид Гета, повторно доаѓа во Македонија по 10 години од неговиот последен концертен настап што беше во Скопје. Дејвид Гета ќе настапи со неговиот нов сет на денот посветен на 35 години независност на Македонија, на Градскиот стадион во Скопје, во организациска поддршка на „Авалон продукција“.

Влезот како што најавија организаторите, ќе биде целосно бесплатен за сите посетители.

Серијата настани посветени на независноста ќе се одржува од 8 август до 8 септември, а финалето е најавено како голем музички спектакл со едно од најпрепознатливите имиња на светската електронска сцена. Настапот на Гета треба да биде завршниот момент на прославата што го поврзува јубилејот со масовен концертен настан на отворено.