fbpx

Дефектолог во битолска установа осомничен поради смрт на малолетничка

-

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против Д.Ј. (46), вработена како дефектолог – воспитувач во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“, осомничена дека поради нејзино несовесно работење, малолетничка починала од труење со корозивна супстанција, информира полицијата.

„Пријавената на 30 април 2015 година го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во Заводот и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања, со што ѝ нанела штета со смртни последици на малолетничка, како резултат на труење со корозивна супстанција“, стои во информацијата на полицијата за случајот.

Осомничената Д.Ј., според полицијата, се товари за несовесно работење во службата.

Од Заводот денеска, изненадени од пријавата на полицијата, велат дека не даваат информации за јавноста се додека обвинителството не им достави официјален извештај за целиот случај.
Директорот на Заводот, Илија Насев, сепак, вели дека корозивните средства биле добро обезбедни и далеку од дофат на штитениците.

Инаку, починатото девојче било со аутизам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...