Децата од основните училишта во Општината Аеродром ќе учат за даноци, зошто е важно нивното плаќање и како функционира управувањето со јавни пари.
Проектот „Фискална едукација“ треба да им ги приближи на учениците основните принципи на финансиската и на даночната култура преку практични примери, работилници и интерактивни активности.
„Новата програма ќе ги учи младите како функционираат јавните финансии, зошто е важно редовното плаќање даноци и како одговорно се управува со парите. Со оваа иницијатива се поттикнува создавање одговорни, свесни и финансиски писмени генерации коишто ќе научат дека финансиската култура е суштински дел од личниот и општествениот развој“, посочуваат од Општина Аеродром.
