fbpx

Дебар не остана без епидемиолог

-

Насловот „Дебар остана без епидемиолог, градоначалникот Дука бара итно да се зголеми медицинскиот персонал“ дезинформира, иако, извор на информацијата дека болницата во Дебар останала без епидемиолог, е градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, пишува „КриТинк“. Информацијата ја демантираше и Министерството за здравство, од каде што беше посочено дека во дебарска болница има епидемиолог и не недостасува персонал.

Текстот е објавен на Државната новинска агенција МИА, а оттаму, оваа дезинформација е преземена и од неколку други медиуми, по што Министерството за здравство излезе со демант. Сите медиуми, но посебно МИА која како државна агенција ја преземаат и цитираат голем број на медиуми, има огромна обврска да изнесува точни и проверени информации, посебно кои се поврзани со состојбата со коронавирусот.

Насловот создава паника имајќи предвид дека во моментот кога е објавен текстот (14.03.2020), најголемиот број од заболените од коронавирус се од Дебар, во карантин е територијата на Општината Дебар и Центар Жупа, а беше најавен и превентивен скрининг на 80 лица од тој регион. Оттука, за да не се создаде паника помеѓу граѓаните, официјалните лица треба да бидат внимателни во давањето на изјави или подоцна самите да се поправат во вид на исправка или слично.

Од Министерство за здравство уште еднаш апелираа да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...