fbpx

Дебар наспроти пандемијата

-

Градот Дебар беше погоден од епидемија наречена на корона вирус, уште во првите денови од март. Овој вирус, кој се рашири низ целиот свет, дојде од далеку во еден мал град. Дојде преку луѓе кои го сакаат своето родно место, но заминале неколку дена пред тоа за Италија, каде што живееле нивните два сина. Заминале за подобар живот, за да имаат поголеми приходи. Миграцијата за дебарчани започна со почетокот на студените војни, пред многу децении, но и денес останува незаздравена рана, пишува Порталб.мк.

Заминувањето на жителите од градот и селата остави многу домови празни, оставајќи ги родителите сами. Во куќа во градот, една мајка по име Дурата постојано жали за заминувањето на своите деца. Другата мајка лежи во кревет сама и нема кој да се грижи за неа. Домови каде живеат маж и жена некако успеваат да си помагаат едни на други, но копнежот за нивните чеда гори.

Од копнеж, чичко Веап Мифтари и неговата сопруга, еден зимски ден тргнале да ги посетат нивните синови во Фиренца. Никој не го знаеше нивното име, освен нивното блиско семејство, во село Баланци. Ова село го добило името, во античко време, поради местоположбата, во подножјето на една планина, наспроти Месечината. Нивниот престој кај децата не траеше долго. Коронавирусот беше навлезен во секој италијански дом. Лоша среќа го снајде и семејството Мифтари. Маж и жена, се враќаат во родниот град, родното село, но нивното здравје не изгледа добро. Двојката не се предава и продолжува да останува дома, се лекуваат со чај, лимон и народни лекови. Никогаш не сфатиле дека „отровот“ – вирусот навлегол во нивните тела.

Во таква здравствена состојба во ден на жалост, тие се симнуваат во градот, за последно збогување по повод еден погреб. Човекот кој починал, Ремзи Содоли, во текот на целиот живот работел како народен физиотерапевт. Тој им ги олеснувал маките на многу жители од овој крај, кои не можеле да најдат лек за нивните болки дури и во болниците во земјата, во косно – зглобната болница во Охрид и во дебарските бањи. Луѓето кои оделе во домот на починатиот да изразат сочувство, се ракувале со останатите. Така, од брачниот пар Мифтари, еден 62, другиот 68 години, вирусот се прошири кај луѓето наоколу. Ова е откриено откако здравјето на парот се влошило, и тие биле испратени во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје, на 2 март, каде подоцна и починала сопругата на Веап, и оваа вест беше поделена од здравствените власти.

По неколку дена, ќе умре и вториот дебарчанец по име Чела, зет на семејството Содоли, кој со влошување на неговата состојба ќе замине за Америка, каде што го имаше својот втор дом. Потоа едем маж, 60 годишник, од семејството Папранику, кој отишол на поста за сочувство. И четвртата жртва е старешината на семејството Зенго. Ситуацијата во градот Дебар ќе се влоши до тој степен што, од средината на март, владините претставници ја изолираат местото.

Но, тешката состојба не завршува со тоа, луѓето за кои се сметаше дека имале контакт со првата двојка, ќе бидат изолирани во нивните домови. Со нивната влошена состојба ќе се справи Градската болница, каде немаше доволно лекари ниту доволно медицински материјали,. Помошта доаѓа од сите страни. Владата постојано испраќа наредби за спроведување на препораките за останување и изолација дома, на секој граѓанин, за да се заштитат од вирусот.

Недостатокот на лекари го натера градоначалникот, Хекуран Дука, да го дигне гласот, и да побара помош за Дебар и дебарчани. Според него, во соработка со медицинскиот персонал, а и самиот лекар, но и со невладините и хуманитарните организации. Потоа, поради инфекција на болничкиот, и затоа што болницата останува само со еден епидемиолог, М. Мела и неговиот помошник, двајца доктори од Куманово доаѓаат на помош. Нивното пристигнување беше и спасение за многу болни. Лекарите кои беа на должност го победија заморот.

Состојба продолжува да биде иста. Бидејќи состојбата во Дебар се смирува и изгледа дека бројот на заразени лица со денови не се зголемува, градоначалникот постојано апелира да се следат препораките на владата. Во меѓувреме, помошта за овој град продолжува да доаѓа од други градови, но и од дебарчаните од Америка.

Животот во Дебар продолжува да биде под режимот на полицискиот час, малку слобода и многу внимание од граѓаните. Оние што најмногу го чувствуваат овој „затвор“ се децата, затоа што пролетта е на прагот на вратата, и тие сакаат да играат надвор, во природа, во нивните маала. Но, има и наставници кои недостасува училиште, велат дека предавањата ги изведуваат онлајн. Иако за многу луѓе, пандемијата ќе нè остави назад со работите, сепак технологијата дава можност да се развијат активности, особено учење за помладите генерации. Технологијата што ја имаме денес ги отвора вратите на училиштето и ќе ги затвори вратите на „затворот“ во кој живееме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...