Во играта Black Desert Online (BDO) од девелоперите Pearl Abyss, е презентирана новата класа Deadeye.

Се работи за девојка пиштолџија со каубојски изглед со пончо и шешир што користи револвери кои ги склопува и во други оружја за пукање.

Иако играта BDO е повеќе со типична RPG средновековна еститка, некако е вклопен новиот лик во целиот контекст, дека и во оваа игра има и напредна технологија како роботи од изумрена стара цивилизација која имала развиена технологија.

Тоа често знае да биде елемент не само во Научната Фантастика туку и во Епската Фантастика што преовладува и во BDO со нота на анегдотата на Артур Кларк која гласи „Секоја ефикасно развиена висока технологија воопшто не се разликува од магија“. Но во BDO ги има и двете: и класични магионичари и технолошки направи и чудовишни реразбудени роботи кои хибернирале со векови.Ова е трејлерот за новата класа Deadеye. 

BDO како игра се класифицира како MMORPG игра со многу sandbox елементи. Но исто така ги има и најинвентивните ефекти кога се зборува за користење способности и вештини на ликовите. Единствено што е негативно е дека тие ефекти се премногу светлечки до тој степен што играта не се препорачува на луѓе склони кон епилептични напади и самата игра е за возрасни.

И како сите азиски игри, грајндањето во играта е главно средство за кревање левел. Но сепак BDO се стреми кон инвентивни разноликости на сите класи што може да се играат во играта како и внесување нови механики на борба и визуелни ефекти засебни за секоја класа во играта. Еве како изгледа најновата класа DeadEye во акција.

 

Што се однесува до класата на пиштолџија, честопати во ваквите игри со „High Fantasy“ класата Gunner (Gunslinger) се имплементира или по долгогодишен развој на играта како што беше случајот со AION и сега со BDO, или ја има од старт како што е во случајот на игрите Guild Wars 2 (dual pistols thief build) или Lost Ark.

За Black Desert Online имаме повеќе написи што може да ги прочитате на следниот линк. Но исто така играта е бесплатна за превземање на главниот вебсајт до 17ти Јули, a во редовна продажба има Buy to Play модел (Се купува еднаш и се игра временски неограничено без месечна претплата) и на Steam основната игра чини само 10 евра, додека додатоците за играта се со астрономски цени. 

Во поголем дел од случаите со видео игрите -ако се двоумите дали да ги играте со акаунт преку Steam (Каде промоцијата истече на 10 Јули) или на преку самиот вебсаjт на играта -подобра опција е играњето на оригиналниот сајт. Играта е захтевна и не толку добро оптимизирана и бара надпросечен компјутер за да може да се искуси прекрасната графика што ја има во целост. Исто така може да се игра и преку GFN сервисот за подобра графика, ако вашиот компјутер неможе да ја издржи. Но уште од 2019 година играта е достапна и на конзолите Xbox One и PlayStation 4 каде се игра на максимум графика како и на секоја конзнола.

Зграбете ја бесплатно Black Desert Online од главниот вебсајт пред 17ти Јули, затоа што не само што нема да ве разочара, туку играта ќе ве воодушеви со својата естетика и секакви опции од кои најмарканта опција е креирањето карактер (Character Creation) што е неофицијално прогласено од многу гејминг заедници на онлјан игри за најдетално и најдобро досега во споредба со било која друга MMORPG видеоигра.