Dead Can Dance ќе одржат два концерти во Скопје на 23 и 24 мај

Во рамките на Таксират фестивалот, Dead Can Dance за првпат ќе одржат концерт во земјава. Планирано е на 23 и 24 мај 2022 година дуото Лиза Жерар и Брендан Бери со нивните фантастични гласови да настапат во Македонскиот народен театар. Нивното врвно музичко творештво е актуелно меѓу планетарната јавност повеќе од четири децении.

Dead Can Dance досега имаат издадено осум студиски и три албуми во живо. Славни се и како композитори на музика за филмови, меѓу кои најпозната е музиката за филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот.

Билетите за двата концерти ќе бидат пуштени во продажба в петок, 17 септември 2021 година преку продажната мрежа на МкТикетс.

„Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекин во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“, најавуваат од Пасворд продакшн.