Седиштето на ДЕА, во федералната зграда „Хенри Адамс“. Фото: DEA

Американската служба за борба против дрога (ДЕА) по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ вели дека продолжува да ја поддржува Северна Македонија во детектирањето, спречувањето и ликвидацијата на организациите кои се занимаваат со трговија со дрога, соопшти МИА.

ДЕА потврдува дека нејзини службеници се вклучени во истрагата на МВР и ОЈО поврзана со минатонеделната заплена на 200 килограми марихуана, чија пазарна вредност изнесува речиси милион долари, во акцијата изведена на патот Прилеп – Росоман.