fbpx

Давутоглу: Помош на сите кои се против Асад и Русија

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу потврди дека официјална Анкара им пружа помош на сите сили во Сирија кои се против режимот на Башар ал Асад.

Тој истакна дека Турција е најзаслужна што во Сирија постои умерена опозиција, но наведе и дека Анкара ќе пружа помош на сите сили кои се борат против инвазијата на Русија и на Иран.

– Ако денес навистина постои умерена опозиција во Сирија, тоа е затоа што постои поддршка од Турција. Ако денес режимот на Асад не е во можност да ги контролира сите делови на територијата, тоа е затоа што на опозицијата ѝ даваат поддршка Турција и уште некои држави – рече Давутоглу.

Според неговите зборови, Анкара ќе стори сè да им помогне на сириските браќа и сестри.

– Ќе им помогнеме на сите, од бегалци до херојскиот народ во Сирија. На сите Сиријци што го креваат гласот против агресијата и режимот, против терористите, против Исламска држава и против сите странски сили кои вршат инвазија на Сирија, а тоа се Русија и Иран – додаде Давутоглу.

Тој истакна дека целта на руските воздушни напади е етничко чистење околу градот Алепо.

– Москва ги напаѓа сите антирежимски сили, Сунити, Курди, Турци, Арапи, не ѝ е битно. Тие продолжуваат да креираат нови групи на бегалци кои доаѓаат кон Турција, а меѓународната заедница ја нема и не сака да им помогне на бегалците. Крајната цел на Русија е да створи бегалска криза во Турција и во Европска Унија – истакна Давутоглу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...