„Коце Трајановски и Град Скопје мора да им одговорат на граѓаните дали на депонијата Дрисла се складира и се третира увозен отпад кој е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина. Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да преземе чекори и да отвори истрага за да може да провери и да утврди дали на депонијата се третира отпад кој е опасен по здравјето на граѓаните“, побара денеска Драги Давчевски, координатор на советничка група на СДСМ и на коалицијата во Град Скопје.

Тој побара и скопскиот градоначалник да го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, како што рече, „поради сознанијата дека истиот е именуван без доказ за завршено образование“.