fbpx

Давчевски: Има докази за опасен отпад на Дрисла, Обвинителството веднаш да отвори истрага

-

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Град Скопје денеска алармира за состојбите во депонијата Дрисла, укажувајќи дека таму има опасен отпад, но и дека концесионерот ФЦЛ од Италија прибира приходи, иако ништо не инвестирал.

– Побаравме информација за степенот на инвестирање, но и за начинот на експлоатирање на овој комунален објект, со кој стопанисува странски партнер  преку јавно-приватно партнерство, кое е без завршена постапка – рече на прес-конференција Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ и на коалицијата во Град Скопје.

Од советничката група додаваат дека побарале и дале можност да се дополни информацијата со вистинити докази во однос на тоа дали на депонијата има или нема складирање или третирање со спалување на опасен индустриски отпад од увоз.

– Во рамките на информацијата се потврди дека концесионерот и по четири години нема инвестирано ниту едно евро во Дрисла, но сепак инкасира профит од работењето – посочи Давчевски.

Тој побара да се преиспита одлуката за јавно-приватно партнерство со ФЦЛ поради неисполнување на договорот од 2013 година и го повика Основното јавно обвинителство да отвори истрага врз основа на допрен глас и да утврди дали Дрисла се користи за незаконити цели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...