„Даталенд“ – првиот музеј на вештачка интелигенција се отвара во Лос Анџелес во 2025 година

Музејот со вештачка интелигенција, наречен „Даталенд“, треба да биде отворен кон крајот на 2025 година, кој треба да се најде до Музејот на современа уметност, „Броад“ музејот и домот на филхармонијата на Лос Анџелес

Фото: Скриншот од Интерпретација на вештачка интелигенција на рендерирање на зграда

Истакнат уметник во светот вештачката интелигенција, Рефик Анадол најави дека ќе го отвори првиот музеј за уметност со вештачка интелигенција во Лос Анџелес, кој ќе го истакне „пресекот на човечката имагинација и креативниот потенцијал на машините“, пишува Гардијан.

Музејот со вештачка интелигенција, наречен „Даталенд“, треба да биде отворен кон крајот на 2025 година, кој треба да се најде до Музејот на современа уметност, „Броад“ музејот и домот на филхармонијата на Лос Анџелес.

Коосновачот е медиумски уметник чии „задоволувачки – и контроверзни“ дела со помош на вештачка интелигенција се прикажани низ целиот свет, вклучително и во Музејот на модерна уметност во Њујорк, Серпентин и неодамна, седиштето на Обединетите нации.

Во изминатите две години, Рефик Анадол често може да се најде во дебати коишто се организирани од уметници и артисти за тоа како вештачката интелигенција го уништува нивниот труд, и ја губи смислата за тоа како вештачка интелигенција нема никогаш да направи дело коешто ќе биде лиценцирано дека е направено од еден човек.

„ЛА – и Калифорнија – се вистинското место за замислување нови светови“, изјави Анадол. Додека тој е долгогодишен обожавател на филмот Blade Runner, тој ја отфрли идејата дека може да има нешто дистопично во основањето на музеј за уметност со вештачка интелигенција во срцето на Лос Анџелес. „Овој музеј е утописки“, изјави тој.

Со Даталанд, он и неговиот мал тим уметници и технолози се надеваат дека ќе направат еден музеј којшто ќе стане ново култно место и за луѓето кои живеат таму и за сите оние коишто сакаат да почнат да се занимаваат со вештачката интелигенција во секторот на уметноста.