Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка на ФКТ „Ристо Шишков“ – Струмица

Фото: МНТ
Дарја Ризова за улогата Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ ја доби наградата за најдобра актерка на 30. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица кој се одржа во периодот од 8 до 13 септември.
Од Македонскиот народен театар во чија копродукција е претставата информираат дека ова е четврта награда за актерска игра за Ризова годинава.