fbpx

Данците ја отворија претсезоната во Охрид

-

Со првата поголема група туристи од Данска, во Охрид е отворена туристичката претсезона. Тие престојуваат во охридскиот хотел „Тино“, каде беа пречекани со погача, локум и со македонска ракија, а беше послужено и охридско ѓомлезе.

Данците, видно изненадени од гостопримливиот пречек, рекоа дека за Охрид и за Македонија се информирале преку интернет. Првата група дански туристи во Македонија ќе престојува 22 дена.

Од охридската туристичката агенција „Вис пој“, велат дека како тур-оператор што донесува гости од странство, веќе трета година реализираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија.

– Минатата година остваривме околу 3.000 ноќевања на дански туристи, а оваа година очекуваме да оствариме околу 5.000 ноќевања. Дел од групите со дански туристи, во Охрид ќе престојуваат во април, мај и во јуни, а другите во месеците септември и октомври, со што ќе се обезбеди збогатување и проширување на туристичката понуда надвор од летната сезона – вели Јаким Маленко од туристичката агенција „Вис пој“.

Тој најави дека освен на долги одмори од 22 дена, годинава во Охрид ќе има и групи со дански туристи кои имаат резервирано и седумдневни аранжмани.

Туристите од Данска биле заинтересирани за нашата култура, историските споменици, за природните реткости, а особено за традиционалната македонска храна и за македонските вина. Според туристичките познавачи, Данците се одлични гости и солидни потрошувачи, не се многу пребирливи и сакаат да уживаат во природата и во гостопримливоста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...