fbpx

Данска ќе изнајми 300 затворски ќелии во Косово за 210 милиони евра

-

Данска ќе изнајми затворски ќелии во Косово каде што ќе испрати 300 затвореници, соопшти данската влада, презентирајќи нов план за запирање на пренатрупаноста на затворите.

Проектот планира „да изнајми 300 затворски ќелии во Косово“ за да можат странците осудени на депортација да бидат испратени во Данска по отслужување на казната, се вели во соопштението на Министерството за правда.

За оваа услуга, Косово ќе добие 210 милиони евра отштета од данската држава. Договорот ќе биде потпишан на 20 декември и ќе важи 10 години, пренесува приштинскиот весник Коха.

„Министерството за правда соопштува дека е договорено со институциите на Кралството Данска, односно Министерството за правда и Министерството за развојна соработка, за ослободување на воспитно-поправен дом со капацитет од триста осуденици. Министерството за правда се залага за ослободување на воспитно-поправниот дом, кој ќе биде донесен од Кралството Данска. Осудените кои ќе бидат префрлени во оваа установа нема да бидат изложени на висок ризик. Како компензација за ова, Република Косово ќе добие компензација од 210 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални инвестиции, особено за обновливи извори на енергија“, се вели во соопштението.

Во 2020 година, околу 350 затвореници во данските затвори требаше да бидат протерани на крајот на казната.

Во меѓувреме, косовското Министерство за правда официјално го потврди договорот за ослободување простор во воспитно-поправните домови за затворениците од данскиот судски систем.

„Келиите кои ќе бидат пуштени на употреба се во затворот во Гњилане. Ова е меѓународен договор, кој ќе бара ратификација на две третини од гласовите“, рече косовската министерка за правда Албулена Хаџиу.

Таа додаде дека многу го цени изборот на данската држава и рече дека нејзиниот дански колега Ник Хакеруп ќе го посети Косово во понеделник, кога ќе бидат презентирани и другите детали во врска со договорот.

Шефицата на косовското правосудство рече дека не верува дека ќе има затвореници (осудени) за тероризам.

Истовремено, данскиот министер за правда Ник Хакеруп изјави дека тоа се прави со цел да се прошират капацитетите на данскиот затвор, пренесува Зери.

„Имаме недостиг од над илјада места во данскиот затвор и притворската служба до 2025 година. Со задоволство можам да кажам дека со заеднички договор се справуваме со ова прашање. Меѓу другото, се договоривме да ги позајмуваме затворските ќелии во Косово, со цел да ги депортираме затворениците од трети земји, а исто така ги проширивме и данските затворски капацитети на краткорочни и долгорочни“, рече Хакеруп.

Проектот исто така планира да го зголеми капацитетот на данскиот затворски систем за 326 места во периодот од 2022 до 2025 година. Од 2015 година, бројот на затвореници во Данска се зголеми за 19 проценти, на повеќе од 4.000 луѓе на почетокот на 2021 година, што претставува стапка на зафатеност над 100 проценти.

Во истиот период, бројот на чувари се намали за 18 отсто во земја со 5,8 милиони жители, позната по отворените затвори резервирани за затвореници кои отслужуваат казни помали од пет години.

Во Косово во 2020 година, според Светската статистика на затворите (WBP), составена од Британскиот истражувачки институт за криминална и судска политика, 1.642 лица биле во затвори, со стапка на зафатеност од 97 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...