Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими британскиот министер за Европа и за Америка, сер Алан Данкан.

Данкан, кој е во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

На средбите, како што соопштија од МНР и од партиите, се разговарало за актуелната политика ситуација во Македонија, за нејзините евроатлантски перспективи, реформските процеси и за билатералната соработка.

Во текот на денешниот ден, Данкан ќе се сретне со лидерите на албанските партии кои обезбедија место во Собранието, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставници на институциите поврзани со владеењето на правото, како и со претставници на граѓанскиот сектор.