fbpx

Даниловски: Во зелена зона сме, но во август влегуваме во прво ниво на ризици од ковид-19

-

Цел јули имаме експоненцијално ширење на бројот на ковид-случаи и тоа зборува дека имаме тренд на постепен пораст. Бранот на некој начин се наговестува дека почнува зашто четиринаесетдневната инциденца на 100.000 жители е 13. Иако сме во зелена зона, во средината на август ќе влеземе во прво ниво на ризици, предупредува епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

– Во моментов имаме локално ширење во некои општини, и за да остане такво, односно за да не се случи цунами, треба да се идентификуваат сите контакти на заразените – вели професорот Даниловски.

Иако прво се мислеше дека делта сојот не дава потешка клиничка слика, сепак се покажа дека тоа е заблуда, појаснува тој. Според него, фер е и логично е да се довакцинираат луѓето над 50 годишна возраст, па потоа да им се понуди на родителите да си ги вакцинираат децата.

– Општиот интерес, јавното здравје е примарно и е над индивидуалните права. И државата има право да потегне разни принудни мерки за да го сочува тоа јавно здравје. Не смее да се дозволи да се преполнат пак болниците и да почнат пак масовно да умираат луѓе. Ако невакцинираните немаат свест дека токму тие ќе бидат најризични, тогаш државата, ќе мора да ги штити од самите нив. Рестрикции да има само ако се загрози капацитетот на здравствениот систем – смета професорот.

Како што вели Даниловски, невакцинираните лица треба да се плашат од вакцинираните зашто вакцините не штитат 100 отсто, па може и вакцинирано лице да биде извор на зараза.

– Сите вакцини заедно, дадени кај нас досега, проф. Трајковски пресмета дека покажале 73 отсто заштита од заразување. Но, тој процент ќе се намалува со сè поголемото навлегување на делта сојот. И вакциниран поединец ќе има 30 отсто веројатност да биде извор на зараза. Полициски часови да има повторно е бесмислено ако веќе на располагање имаме вакцини – вели Даниловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...