fbpx

Дали Парнаџиева и Мехази ќе повлечат други оставки?

-

Директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемили Мехази, денеска си поднесоа оставка од функциите, едниот пред, а другиот по протестот за Тамара.

И двајцата се избрани државни функционери, што значи дека нив ги назначува Vладата и таа ги разрешува. Оттаму, Владата на седница треба да одлучи дали ќе им ги прифати оставките.

Ако се оди според плакатите што граѓаните ги носеа на двата протести за Тамара, кои се одржаа во Скопје, оставки се очекуваат уште од 11 лица, на чело со министерот Никола Тодоров и со директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Денешниот плакат со имињата на луѓето од кои граѓаните бараат оставка поради нивната вмешаност во случајот во кој деветгодишното девојче го загуби животот, го красеа имињата на министерот за здравство, Никола Тодоров, директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемили Мехази, Аспазија Софијанова (директорка на Клиниката за детски болести), Анастасика Попска (специјалист-ортопед), Владимир Поповски (претседател на Стоматолошката комора), Ангел Митевски (претставник од Министерството за здравство), Елизабета Србиновска-Костовска (претставничка од Стопанска комора на Македонија), Горан Коевски (претставник на осигурениците и вонреден професор на Правниот факултет), Елена Трпковска (претставничка од Министерство за финансии), Љубиша Каранфиловски (доктор на Клиника за стоматологија, член на советот на Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита на РМ), Јосиф Трајковски (претставик на Стоматолошката комора), Илија Глигоров (претставник на здруженијата на пензионери на Македонија).

Организаторот на протестот за Тамара, Огнен Јаневски, вели дека овие оставки не се доволни и дека ќе продолжат со активност сè додека министерот Никола Тодоров не си поднесе оставка.

Тој вели дека зад нив не стои некое здружение, туку дека се група граѓани кои се организирани преку социјалните мрежи.

Сега веќе поранешната директорка на ФЗО, Паранџиева-Змејкова, на прес-конференцијата на која ја најави оставката, своите колеги ги нарече бездушни бирократи.

– Воспитана сум да им помагам на другите, а не сум ладен бирократ. Денеска објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ – рече Парнаџиева-Змејкова.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...