fbpx

Дали турската „Анадолија“ на Атиџе ѝ измисли поздрав и поддршка за Ердоган?

-

Во репортажа за Атиџе Муратова, протагонистката на „Медена земја“, објавена на веб-страницата на англиски јазик на турската новинска агенција „Анадолу“ на 23 јануари годинава, при крајот на текстот, се вели дека Муратова испратила поздрави и искажала поддршка за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и дека побарала да се изгради џамија во селото Дорфулија, каде таа би требало да живее отсега.

Во репортажата на македонската верзија на „Анадолу“ (Анадолија) тоа го нема.

Ако се погледне и видеото вметнато во текстот, не може никаде да се слушне дека таа упатува поздрави и искажува поддршка за Ердоган, ниту дека изрично бара да се изгради џамија.

„Muratova also expressed her support and regards to Turkey’s President Recep Tayyip Erdogan and also requested a mosque be built in her new village. (Муратова исто така ја искажа својата поддршка и упати поздрав до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и исто така побара да се изгради џамија во нејзиното нoво село)“, вели текстот.

Но, кога ќе го погледате видеото (Атиџе зборува на турски и има титл на англиски), во делот каде што таа порачува дека на селото Дорфулија му треба џамија (од 1:27 во видеото).

„Now we are 30 Turkish households. We also need a mosque, don’t we? (Сега сме 30 турски домаќинства. Нам исто така ни треба џамија, нели?)“, гласи титлот на кажаното од Муратова на турски јазик.

Според тоа што може да се види, Атиџе не бара отворено да се направи џамија, туку тоа го искажува во друг дух, со прашална форма.

Дополнително, и уште побитно, дали Атиџе навистина упатила поздрав и поддршка за турскиот претседател Ердоган или пак постои обид тоа да ѝ се „накалеми“ на оваа сиромашна македонска Турчинка? Оти тоа не можеме да го видиме во видеото. Исто така, тешко е веројатно дека Атиџе Муратова би упатила поздрави само до турскиот претседател, туку секако би упатила и поздрави до нејзините сонародници – жители на Турција и нејзини роднини таму.

Доколку жената го направила навистина тоа, би требало верно да се пренесат нејзините зборови во текстот или да го има таквиот поздрав во видеото. Вака, лесно е  да се посомневаме дека против нејзина волја таа е ставена во политички контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...