fbpx

Дали договорот за предвремени избори е мртов?

-

Политичките партии да дојдат со конкретни предлози, се вели во дел од изјавата на Европската комисија по состанокот на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со лидерите на политичките партии.

Оттаму велат дека се подготвени да ги олеснуваат преговорите, но дека политичарите мора да преземат одговорност и да направат компромис.

Ова е единствената изјава за вчерашниот состанок која укажува на тоа дека преговорите ќе продолжат и дека и покрај несогласувањата на лидерите на политичките партии, до крајот на април идната година, сепак, ќе се одржат избори.

Никој децидно не изјавува ниту кажува дали останува датумот за крајниот рок за вонредни избори ниту, пак, дали воопшто останува договорот за избори.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите, рече дека ќе остават шанса разговорите да продложат, а Никола Груевски рече дека Заев не сака ни договор, ни избори, само правење економска штета на Македонија.

Изборите беа договорени на осумчасовната средба што лидерите ја имаа во резиденцијата на Европска унија во Скопје, на 2 јуни. Тогаш еврокомесарот Хан рече дека останува уште да се договори транзицискиот период.

СДСМ денеска соопшти дека Груевски бил подготвен да се откаже од сè, освен од фотелјата, а Заев неколкупати од 2 јуни па досега, кажа дека нема да се согласи на избори ако нив ги организира преодна влада на чело со Никола Груевски.

Иако од повеќе страни беше кажано дека лидерите на средбата во Пржино дури имаат и потпишано некаков документ, тој никогаш не излезе во јавност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...