Дали децата ни се во депресија? (видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро ја покрена темата за менталното здравје меѓу децата.

– Најмалиот пациент со депресија има само 7 години. Само 7 години! Знаете ли колку е тоа малку? Овие години треба да им бидат најубавите години на децата, а не да се замараат со депресија – вели Кика.

Во видеото таа споделува и повеќе информации за притисоците кои ги чувствуваат децата од сите страни како и за симптомите кои покажуваат дека детето можеби има некакви проблеми со менталното здравје.

Кика исто така повикува да ги надминеме предрасудите за одењето на психолог.