Украинско девојче на фотографија од 1986 година лажно претставена како Бил Гејтс во фустанче

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Босанско-херцеговскиот портал за борба против дезинформациите raskrinkavanje.ba анализирал „вест“ на социјалните мрежи со фотографија од „Бил Гејтс“ во фустанче, како доказ дека основачот на „Мајкрософт“ како дете се облекувал како девојче.
Фотографијата што се користи како доказ е направена во градот Лвив, во денешна Украина, а во поранешниот Советски Сојуз во 1968 година, пишува raskrinkavanje.ba.

Клинкнете на сликата за поголема верзија.

Анализираниот текст бил објавен во контекст на тоа дека Бил Гејтс сега решава за здравјето на светот, што не се покажа како точно. Дополнително, спорната содржина е отстранета од Фејсбук и Твитиер, како дел од акцијата против дезинформаторите од групата QAnon.

Анализата на појавата на оваа фотографија утвдрила дека се појавила на Фејсбук-страница за музејска фотографија на 29 октомври 2017 година, а датира од 1968.

Фотографијата е искористена и во 2018 година, но со тврдење дека носи пиштол во џебот. Сеедно, никој не отишол толку далеку да тврди дека девојчето на фотографијата е Бил Гејтс, вели raskrinkavanje.ba, кога е јасно дека тоа не е тој.