„Дајте музика“ со live show на отворено на 27 мај во Скопје

Во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика” за прв пат ќе биде претставен во Македонија на мултимедијално шоу – концерт на отворено на 27 мај во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

„Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија“, се наведува во соопштението на Авалон Продукција.

Инаку, „Дајте музика“ досега беше препознатлив како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани млади актери и пејачи, коишто на 27 мај ќе се претстават во поинакво светло – live перформанс.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (11-ти април) во 9 часот наутро, на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории.