Македонија Дачиќ до македонското МНР: Патоказот со БЈРМ ќе остане

Дачиќ до македонското МНР: Патоказот со БЈРМ ќе остане

Србија го отфрли барањето на македонското Министерство за надворешни работи да ја отстрани таблата поставена на делница на автопатот на Коридорот 10 на која стои „БЈРМ“ наместо уставното име Македонија.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порача дека таблата ќе остане и оти не гледа причина за реакцијата на Македонија.

На автопатот кај Владичин Хан поставена е ознака „автопат Е75 – коридор 10 – Белград – граница со БЈРМ“. Ознаката е поставена на делницата во изградба на автопатот кој ги поврзува Србија и Македонија.

Србија ја има признаено Македонија под уставното име.