Не е решение само да се донесе одлука за прекин на наставниот процес во училиштата. Учениците треба да учат и во вонредни услови, вели наставникот Сатки Исмаили, кој бара под итно да се воспостави практиката на онлајн настава. И средношколците се согласуваат со овој предлог, а од Министерството за образование и наука (МОН) посочуваат дека работат во оваа насока, известува „Порталб.мк“.

Важноста за онлајн наставата Сатки Исмаили ја потврдува со наведување на примери на земји кои веќе успешно го прават ова. Тој вели дека овие држави со недели однапред работеле на подготовка на учење од далечина.

– Додека државите опфатени со овој вид вирус претходно изготвиле стратегија за тоа како ќе ги реализираат образовните активности при вонредни состојби, во РСМ немаме никаква дополнителна информација за активностите кои треба да се одвиваат во соработката МОН-Биро за развој на образование-училишта-наставници-ученици-родители, освен одржување на хигиената во испразнетите училишта“, укажува Сатки Исмаили.

Тој дополнува дека практиките на многу земји во периодот кога наставата не се одвива во училишта е тие да направат подготовки за настава од далечина за учениците, знаејќи дека ќе се соочиме со овие предизвици. Примери се неколку земји, а особено Хрватска, која е најмалку погодена од овој вирус и имаат “прекин во училиштата” на образовниот процес во неколку региони, но образовниот процес фактички не се прекинува туку се одвива онлајн од далечина.

– За спроведување на настава од далечина потребни се претходни подготовки од државата и преземање искуства на други држави, а не како и секогаш да не изненадуваат вонредните појави – велиСатки Исмаили.

Сатки Исмаили на новинарот на „Порталб.мк“ му ја објасни формата како би можело ова да биде реализирано, истата ја претстави како нешто што е остварливо и ниту малку не е сложено. Како што вели тој, доволна е само волјата и желбата за учење.

– Наставниците располагаат со наставни програми и нивната реализација би требало да се одвива преку онлајн комуницирање со учениците на одделението за кое држи предавање. Ова се постигнува преку создавање на виртуелно одделение со различни наставни платформи, како што се Moodle, Yammer, Teams, Edmodo, Onenote Classroom, а комуникацијата може да се биде преку Skype каде што сите ученици истовремено комуницираат и се одвива визуелна интеракција во врска со активностите кои се одвиваат директно или упатства поврзани со тоа кои активности ги реализираат на независен начин и како истите да ги реализираат – објаснува Сатки Исмаили.

Според Бленди Ходаи од Сојузот на средношколци, овој временски период не треба да се минува по кафулиња или јавни простори, но штом не постои некоја наставна програма претходно изготвена од страна на Министерството за образование и наука, според него, младите ќе го злоупотребат ова време.

– Секое земја, во случај на несреќа или ширење на пандемија предвидува образовниот систем да го реализира преку E-Learning за да не се пропушти многу од наставните програми, но Министерството за образование и наука (МОН) постојано докажува колку некомпетентни се за управување со ситуации каква што е случајот со Ковид-19. МОН треба да знаат дека изгубените денови нема ефект да бидат надоместени со викенди и уште помалку по 10 јуни. Треба да се оформат комисии кои ќе пронајдат алтернативи за тоа како да се надоместат изгубените денови – истакна Бленд Ходаи за „Порталб.мк“.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека немаат конкретен план за ова, но според нив, постојано работат на изнаоѓање на најдобрата метода за онлајн настава за учениците.

– Министерството за образование и наука во соработка со другите засегнати институции, актуелно работи на дефинирање на најдоброто решение за учениците да не губат време во текот на одморот поради корона вирусот. Ве информираме дека ги разгледуваме сите опции, искуства и мерки коишто веќе се користат во неколку држави во регионот и пошироко (онлајн наставата, емитување на едукативни материјали во националните телевизии и слично). Така, конечната одлука ќе биде донесена во текот на следните денови – рекоа од Министерството за образование и наука за „Порталб.мк“.

Инаку, во Албанија е отворен „Јутјуб“ канал, на кој секојдневно се емитуваат предавања од страна на наставници на различни предмети и заинтересираните ученици можат истите да ги следат во живо. Во Хрватска, исто така, голем број предавања се одвиваат онлајн, а другиот дел преку националната телевизија на оваа држава. Слични методи се применуваат во Грција и во неколку други држави во регионот и пошироко.