fbpx

Да престане јавниот линч врз докторите, бара Лекарската комора

Лекарите апелираат „поединците што не се компетентни или немаат релевантни информации да се воздржат од давање на јавни коментари бидејќи така само се засилуваат нападите и говорот на омраза без притоа да се постигне ефект на конкретно утврдување на одговорност и превенција на нови случаи“

-

Потребно е итно носење на посебен Закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, порача Лекарската комора во својата осуда на јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за сторена лекарска грешка.

Ова е втора ваква реакција на Лекарската комора, откако и на Светскиот ден на здравјето, 7 Април, побара да престане неаргументираниот линч врз лекарите.

„Докторите од болницата во Битола кои беа вклучени во лекувањето петгодишно девојче се изложени на огромен притисок иако инспекцискиот и стручниот надзор досега не утврдија пропусти во стручната работа. Докторите од „Жан Митрев” беa изложени на навреди и вербални напади пред Кривичниот суд, што секако не е атмосфера во која се почитува правото на презумпција на невиност, како основно човеково право. Секојдневно во медиумите се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти наведувајќи на тоа дека сториле некаква лекарска грешка, без притоа да постои одлука на надлежна институција“, се вели во денешната реакција на Лекарската комора.

Комората додава оти сите овие настани предизвикуваат сериозно вознемирување, загрозување и нарушување на угледот на професијата, за што велат дека е крајно недозволиво во услови кога меѓународните организации истакнуваат оти здравствените работници се најважниот чинител на здравствениот систем, поради што треба да бидат заштитени, а се предупредува и на глобалниот недостиг на овие профили на пазарот на трудот.

„Атмосферата која постои кај нас создава јавно мислење дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно бидејќи најголем дел од нив својот професионален и приватен живот го посветиле на својата професија и одговорно, стручно и посветено секојдневно пружаат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите кои постојат во здравствениот систем. Загубата за живот на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине“, се вели во соопштението на Лекарската комора.

Лекарите апелираат поединците што не се компетентни или немаат релевантни информации да се воздржат од давање на јавни коментари бидејќи така само се засилуваат нападите и говорот на омраза без притоа да се постигне ефект на конкретно утврдување на одговорност и превенција на нови случаи.

„Истакнуваме и дека пациентите и лекарите се дел од еден ист систем во кој може да се обезбеди рамнотежа единствено ако институциите во државата подеднакво застанат во одбрана на правата и на едните и на другите. Во овој момент законски се регулирани само правата на пациентите, додека законот за лекарска дејност во кој покрај обврските би се уредиле и правата на лекарите, и покрај долгогодишни бројни иницијативи, сè уште не е донесен“, реагира Лекарската комора барајќи итно носење на законот со кој лекарската дејност ќе се смета за дејност од посебен општествен интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...