fbpx

Да ѝ се обезбедат канали на вистината како најголем непријател на лажните вести

-

Најголем непријател на лагата е вистината, и затоа напорите и политиките на сите засегнати страни треба да одат во насока на обезбедување канали за ширење на вистината.

Ова денеска го истакна Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот, на третиот Форум за управување со интернет што денеска се одржа во Скопје.

„Треба да го поттикнуваме сомнежот и да создаваме критички настроена јавност која ќе има капацитети да ги препознава лагите и да ја шири вистината. Најважно е да се прашаме што можеме сите ние да направиме во борбата против лажните вести и дезинформации, сите засегнати од овој феномен, за да се справиме со оваа појава која сериозно ги поткопува демократските вредности, ја поттикнува омразата и конфликтите“, рече Забрчанец.

Тој додаде дека медиумската писменост е само една од мерките и за таа цел веќе е покрената иницијатива со граѓанскиот сектор и со институциите на Владата, пред сѐ Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, да се исцртаат контурите за најдобар, применлив и одржлив модел за медиумска писменост во образованиот процес.

Во делот на соработката со медиумите на овој план, Владата целосно ќе ја поддржува саморегулацијата како методологија според која медиумите самите ќе понудат решенија според професионалните кодекси и стандарди, и во таа насока истакна дека е од особен придонес е листата на медиуми кои се придржуваат до овие начела што ја подготвуваат Советот за етика во медиумите и Здружението на новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...