Д-р Стевановиќ: Дебелината претставува сериозно висок ризик за заболените од ковид-19

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ, на денешната прес-конференција заедно со министерот Венко Филипче кажа декасе покажа оти во однос на ковид-19, сериозно висок ризик е дебелината.

„Ние сме таква нација, имаме вишок килограми, но луѓето кои се со поголем вишок, се поризични. Сметам дека тоа не беше сфатено сериозно“, рече д-р Стевановиќ.

Според Стевановиќ, една средно-тешка клиничка слика на ковид-19 се лекува околу 16 дена, а за потешка клиничка слика, опоравувањето трае многу подолго. Пациентите со потешка слика, како што рече, имаат последици и потребно е подолго време за лекување.

„Рационално се користи секое едно легло на клиниката, вклучително и во модуларната болница. Клиниката се случува одеднаш да се полни, но во исто време и се испишуваат пациенти. Штом се ослободи легло, се чисти и дезинфицира во собите за да веднаш се прими наредниот пациент и сето тоа се одвива со една брза динамика“, вели Стевановиќ.

Таа додава дека, за жал, смртноста е висока.