Д-р Катерина Бошковска е нова директорка на болницата во Козле

Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство денеска за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле, ја назначи проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.

„Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови“, наведено е во соопштението на министерството.

Оттаму ѝ се заблагодарија за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.