fbpx

Д-р Караџовски: Нема да ни помогнат уште 500 доктори и 20 болници ако не сме дисциплинирани

-

Самите ако не си помогнеме на себе, нема да ни помогнат ниту уште 500 доктори, 500 медицински сестри, ниту уште 20 болници. Затоа, бараме помош од сите, од целото население. Да ги почитуваме мерките, тоа треба да го направиме за нас, за нашите семејства. Инаку, ќе ги преполниме болниците. Ќе се прават ротации на персоналот, но бројот на тие луѓе е ограничен. Дајте една мерка сите заеднички да ја спроведеме, побара од граѓаните д-р Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче дадоа изјава за медиумите.

– Мора самите да си помогнеме. Еве Скопје е третина од државата и тука бројот на заразени е највисок. Кај нас најмногу не се почитуваат мерките. Сме кажале сто пати кои се основните мерки. Кога прашувате што можеме да очекуваме, можеме да очекуваме влошување на состојбата, 400, 500, па и до 1.000 случаи на дневно ниво – рече Караџовски.

Mинистерот Филипче кажа дека модуларната болница до Инфективната клиника е подготвена да прими нови пациенти ако има потреба.

– Насекаде во регионот се зголемуваат новите случаи. Еден пакет рестрикции до Владата се веќе предложени и треба да се направат законски измени. Очекуваме следната недела Собранието да ги изгласа законските измени со кои се предвидува забрана за групирање после 22 часот, забрана за собирања дома, за да можат инспекторите можат да контролираат и да казнуваат – рече Филипче.

На денешниот состанок на членовите на Комисијата за заразни болести, се зборувало и за дополнителен пакет мерки кој би се активирал ако има потреба. Во тој пакет спаѓа ограничување на капацитетот на јавниот превоз до 50 отсто, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите фирми во 23 часот. Властите процениле дека ако има зголемен број случаи и ако овој пакет се активира, сериозно ќе се забави ширењето на вирусот.

Караџовски кажа дека анализата која ја правеле епидемиолозите за последнит три дена кога има голем број на новозаразени лица, покажала дека одредени настани се главниот промотор на поголем број случаи – евенти, концерти и журки.

– Проблемите ги прават групирањата или непочитувањето на правилото за носење маска. Знаеме дека негрупирање, дистанца и маска се основни услови за да нема случаи. Очигледно тоа не се почитува. Во однос на возраста, тоа се 29-30 годишни лица кои биле на журка, настан, промоција, во локали каде не се почитувале правилата. Засега не се планира воведување политицки час, но ние како комисија не сме ги исцрпиле сите мерки. Ако ништо од овие нови мерки не се почитува, не е исклучена можноста и за воведување полициски час – рече Караџовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...