Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Македонија денеска регистрираше најголем број на починати лица од ковид-19 од почетокот на пандемијата во земјава. Дури 22 лица починаа, при што вкупниот број на загубени животи од корона вирусот во земјава се искачи на 919, информираат од Министерството за здравство.

„Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Бројот на починати лица расте заедно со забрзаното зголемување на новозаболени лица од ковид-19 во изминативе денови во земјава.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.901 тестирања, а притоа регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-4.

Во меѓувреме, болниците низ земјава се полнат со новозаболени граѓани од ковид-19. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4 и Кичево-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.954, бројката на оздравени пациенти е 18.627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.408. Денеска се евидентира еден контролен тест.