Набљудувачите на Цивил, јавуваат за мирен тек на гласањето во Штип, со неколку прекршувања.

„Пред гласачки места е забележано групирање на луѓе, кои следат кој излегува на гласање. Исто така во близина на гласачите места има и партиски возила, на кои е ликот и името на еден од кандидатите,“ објави на прес конференција, Џабир Дерала.

Прекршување на избирачкиот молк е регистрирано пред две избирачки места, и тоа во населбата Македонка и пред училиштето „Тошо Арсов“, каде што, како што рече Дерала, е присутна црна пропаганда со расфрлан печатен материјал,преку кој се повикува на бојкот на гласањето.Забележано е во неколку случаи и непочитување на здравствените протоколи.

Според Државната изборна комисија, одзивот на гласачи до 11 часот во Општина Штип е 8,52 проценти или 3.561 гласачи, а во Општина Пласница 13,12 проценти или 650 гласачи.