fbpx

ЦИВИЛ: Да се стави крај на неказнивоста за повреда на слободата на медиумите

-

Како организација за човекови права, ЦИВИЛ секогаш е на страната на новинарките и новинарите и ги повикува да ја продолжат комуникацијата со организацијата и секој обид за притисок врз нив да го пријават, велат од таму по повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 мај.

„Оваа година, Северна Македонија бележи значителен пад на бројот на напади врз новинар(к)ите, но, за жал, нападите и попречувањето на работата на новинарите и медиумските работници сѐ уште се реалност. Свеж пример е нападот на телевизиската екипа на „ТВ 21“ од страна на роднини на градоначалничката на општина Арачиново, Миликије Халими, додека тие снимале прилог за проблемите на граѓаните во општината. На денот на гласањето во првиот круг на претседателските избори, мониторингот на ЦИВИЛ бележи пет случаи на попречување на медиумските екипи да ја вршат својата работа и тоа од изборната администрација“, се вели во соопштението.

ЦИВИЛ исто така бара итно спроведување на реформите во јавниот сервис (МРТ), измени и дополнувања во Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Изборниот законик.

„ЦИВИЛ бара од институциите да стават крај на неказнивоста за повредата на слободата на медиумите и правата на медиумските работнички и работници. Неказнивоста на кршењето на правата на новинарите и медиумските работници создава плодно тло за оние кои сакаат да ѝ застанат на патот на вистината и кои не бираат средства за да ја попречат нивната работа. Државата е таа која мора да им обезбеди услови за професионално и непристрасно работење на медиумите“, додаваат од ЦИВИЛ.

Според оваа организација „долгогодишното сеење на страв вовлекувањето во криминални зделки, закани за отпуштања на новинари, лажните вести продуцирани и објавувани од најголемите медиумски куќи во служба на авторитарниот режим, манипулациите со јавноста и говорот на омразата, укажуваат на неминовноста од итно враќање на критичкото новинарство“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...