„Унапредување на слободата на изразување и медиумите се наши итни приоритети“, истакна премиерот на Албанија, Еди Рама во неговиот говор. пред Советот за безбедност на ОБСЕ на 6 февруари 2020 година.

„За довчерашните тепачи и уценувачи на весници, новинари и медиуми, кои зборуваат во име на нивната слобода… ќе дојде ден за судење“, ја обвинуваше Рама опозицијата во земјата, на 4 мај 2019 година, на Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Но, колку се слободни медиумите во Албанија и кои се главните предизвици со кои се соочуваат оние што ги објавуваат вестите?

Законот против клевета за онлајн медиумите, ограничувањето на новинарите до пристапот до информации, забрана на новинари и активисти и затворање на емисии критични кон владата, се дел од причините поради кои Албанија изгуби две места во Индексот за слободата на медиумите во светот објавен од „Репортери без граници“ за 2019 година.

„Ограничувајќи ja слободата на изразување, информациите и медиумите и, спротивно на најдобрите меѓународни практики, двата закони ризикуваат да ја зголемат цензурата на новинарите, кои се почувствителни на владиниот притисок“, додава „Репортери без граници“.

Извештајот на оваа меѓународна организација, исто така, ја истакнува нетранспарентноста за насилството над новинарите.

„Во меѓувреме властите во земјата, која се стреми да стане членка на Европската Уунија, не успеаја да ги откријат и осудат физичките напади и сериозните закани против новинарите“, се истакнува во извештајот.

Претседателот Илир Мета порача дека е загрижен по извештајот на „Репортери без граници“.

-Влошувањето на позицијата на светскиот Индекс за слобода на медиуми, според годишните заклучоци на светската организација на новинарите „ Репортери без граници “, е неприфатливо и бара итен одговор и реакција од сите – рече претседателот Мета.

Тој исто така побара ревизија на двата закони против клевета, кои се однесуваат на за онлајн медиумите.

-Уште еднаш ја повикувам владата да го повлече и разгледа пакетот донесени закони, кои, како што истакнува светската организација на новинарите, и како што предупредив јас:
• Ги кршат основните уставни принципи на една демократска држава;
• Го нарушуваат правото на слобода на изразување, медиумите и правото на информирање;
• Тоа е спротивно на судската пракса на Уставниот суд;
• Ги крши стандардите на Европската конвенција за човекови права – рече претседателот Мета.

Но, како влијае самата албанска политика врз слободата на медиумите во земјата?

-Те гледам тебе и размислував за друга личност, твој колега, маж -ѝ се обрати премиерот Рама на новинарката Ени Васили во емисијата „Опен“.

„Казан, свињи, кретени, свињарник, хипокрити, паразити, лажговци, грешни вокалисти на криминалот, мрзливци, непријатели, неодговорни, неначитани или ,медиумско село’, се некои од навредите упатени до новинарите од премиерот Рама .

„Слободата на медиумите во Албанија е во загрижувачка состојба’поради физички напади, навредлив јазик против новинарите и, неодамна, иницијативата на владата да донесе закон со кој се ставаат под контрола медиумите и со што се кршат принципите на европските стандарди“, напиша Комитетот за заштита на новинарите на 21 јуни 2019 година.

Се чини чудно, дури и  неверојатното, но во Албанија, политичките актери во земјата, односно владата придонесе за влошување на индексот за слобода на медиуми во земјата.

Автор: Марјо Бракај